На Самитот за одржлив развој, кој се одржа во септември 2015 година, државите членки на ОН ја усвоија програмата за одржлив развој до 2030 година, која содржи 17 цели за одржлив развој и 169 потцели, со цел да се искорени сиромаштијата, борбата против нерамноправноста и неправдата и решавањето на прашањето за климатските промени до 2030 година.

Целите за одржлив развој, кои, исто така, ги нарекувааат и глобални цели, претставуваат надградување на милениумските цели за развој – осум цели за борбата против сиромаштијата кои се обврза светот дека ќе ги постигне до 2015 година. Милениумските цели, кои беа усвоени во 2000-та година, опфатија голем број прашања, вклучувајќи ги борбата против гладот и сиромаштијата, болестите, половата нееднаквост и обезбедувањето на вода и санитарни услови за живот. Во процесот на постигнувањето на милениумските цели е постигнат голем успех, што само по себе кажува за значењето на оваа обединувачка програма која се заснова на цели и резулати. Сепак, сиромаштијата не е искоренета и треба и понатаму да се дејствува во таа насока. Токму затоа, глобалните цели и пошироката програма за одржливост одат многу подалку од милениумските цели и се занимаваат со универзалната потреба за развој на добробитта (благосостојбата) на сите луѓе.

Развојната програма на ОН, уште позната како Агенда 2030 содржи 17 цели за одржлив развој, во кои се инкорпорирани 169 потцели.